Силекс со „шестка“ го испрати Башкими

После првото коло од ПМФЛ, екипата на Башкими се наметнува како најсериозен кандидат за испаѓање од ПМФЛ. Сосема нова екипа имаат кумановци, со млади играчи, тенка клупа и многу проблеми, а дека се најсериозни кандидати за напуштање на „елитата“ говори податокот дека денеска шест гола од Силекс, а можеа да бидат и повеќе да беа реализирани шансите на освојувачот на Купот.

Дарко Илиески уште во третата минута со глава го отвори резултатот по изведен корнер. Во осмата минута Јамузи си постигна автогол исто така по изведен удар од аголот. Третиот гол беше во 30. минута по една одлична акција во која Делимеѓац стрелаше.

Башкими успеа да се одбрани до 62. минута кога Шеро една одбиена топка ја смести во голот. Се играше 74. минута кога стрелаше и Хасукиќ по центаршут на Тимовски, а шестиот гол беше дело на Манајлов по асистенција на Велиновски.

На Силекс исто така му беа поништени и два гола поради офсајди.

Се вчитува...