Силекс упорно против промена на системот на натпреварување: УО нема надлежност да одлучува за промена на формат

И покрај тоа што се работи за вонредна ситуација под вонредни услови наметнати од пандемијата на коронавирусот, од ФК Силекс опстојуваат на ставот дека Управниот одбор на ФФМ нема надлежност да донесува одлуки за промена на системот на натпреварување на актуелната 2019/2020 сезона.

Преку ново соопштение, од ФК Силекс информираат дека преку својот законски застапник Адвокатско друштво Никола Додевски, денеска до Управниот одбор на ФФМ доставиле барање со кое ги известуваат сите членови на Управниот одбор при ФФМ дека не постои правна можност да извршат промени во веке започнатиот систем на натпреварување за натпреварувашка сезона 2019/2020 од Првата МФЛ. Ги известуваат и дека било каква одлука на Управниот одбор во тој правец би претставувала злоупотреба на службената положба од страна на сите членови на УО, за што ФК Силекс ќе бара и кривична одговорност.

Комплетното соопштение од ФК Силекс до нашата редакција може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Се вчитува...