Силекс во Бугарија против Динамо Минск ќе игра натпревар без публика

Македонскиот претставник во 1. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, екипата на Силекс својот гостински натпревар против белорускиот Динамо Минск на 9 јули, и официјално ќе го игра на неутрален терен – во Бугарија.

Силекс како гостин против Белорусите ќе игра во Стара Загора поради тоа што УЕФА не им дозволува на клубовите од Белорусија да бидат домаќини во својата земја на европските натпревари, поради војната во Украина.

Натпреварот ќе се игра и без присуство на публика.

Реваншот од овој двомеч, пак, меѓу македонскиот и белорускиот тим се игра на 16 јули на теренот на ФФМ во Скопје.

Ако го минат првото коло кратовци во 2.квалификациско коло ги чека двомеч со азербејџански Нефчи.

Се вчитува...