Силекс во второто полувреме го скрши отпорот на Скопје

Фудбалерите на Силекс во третото коло ја забележаа и втората победа во ПМФЛ откако попладнево славеа со убедливи 3-0 на дуелот против Скопје.

Гостите од главниот град добро парираа во првото полувреме, но Силекс одлично го почна вториот дел, реализирајќи ја првата шанса кога Хасукиќ стрелаше мајсторски по додавањето од левата страна, сместувајќи ја топката во горниот агол од голот на голманот Наумовски.

Сите шанси за камбек на Скопје исчезнаа во 60. минута кога беше направен пенал, воедно и добиен црвен картон за гостите. Богдановски биеше прецизно од белата точка за 2-0, додека конечните 3-0 на 20 минути до крајот ги постави Мишов.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...