Силекс води со Вардар на полувремето, нема голови на дербито меѓу Шкендија и Гостивар (ВИДЕО)

Силекс има предност против Вардар од 1-0 по првото полувреме во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига.

Ефтимов донесе предност за кратовци, но благодарение само на киксот на голманот на гостите, Филип Гачевски кој лошо ја процени топката.

Домашниот фудбалер испрати центаршут од левата страна, од повеќе од 30 метри, но топката отскокна пред голот на Вардар и го изненади Гачевски…

Но, Вардар ќе има и играч повеќе во второто полувреме по страотниот старт на Донов во 31. минута, по што доби директен црвен картон.

Струга ТЛ има исто така водство од 1-0 против Воска Спорт уште од 6. минута по феноменалната акција која со гол ја круниса Христијан Малески.

Работнички, пак, води со 2-0 против Пелистер, најпрво поведувајќи по корнерот од левата страна, по кој одлично се снајде на одбиената топка Адтхе Мазари кој од 16 метри прецизно стрела за 1-0.

Во 28. минута и Али Регба, повторно по корнер од левата страна, во убав скок со глава стрела од 7-8 метри за 2-0.

Тиквеш води со 1-0 против АП Брера со голот на Манасиески во 45. минута.

Нема голови на дерби пресметката меѓу Шкендија и Гостивар во Тетово која одлучува и кој ќе презими на лидерската позиција на табелата во најсилниот домашен шампионат.

ПРВА ЛИГА – 18. КОЛО (прво полувреме)

Гостивар: БЕСА – ШКУПИ 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 2-0
Мазари 15′, Регба 28′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 1-0
Ефтимов 29′
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ 1-0
Малески 6′
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА 1-0

Се вчитува...