Силјановски потпиша за Динамо Тирана (ФОТО)

Довчерашниот фудбалер на Работнички, Горан Силјановски својата кариера ја продолжува во албанскиот прволигаш Динамо Тирана.

Силјановски по вторпат во кариерата се враќа во Албанија откако претходно настапуваше и за Фљамуртари. Претходно, има настап и за Ренова, Вардар и Македонија ЃП на домашната сцена.

Неодамна за Динамо Тирана потпиша уште еден македонски дефанзивец, Александар Исаевски кој пристигна од Влазнија Скадар, а претходно има настапи и за Победа и Македонија ЃП.

Се вчитува...