Силјановски со понуда од Осијек, Шкупи ја очекува разврската…

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски ќе одлучува меѓу две понуди, од Хрватска и од Македонија, околу продолжување на својата фудбалска кариера.

27-годишниот левокрилен дефанзивец, како што дознаваме, има сериозна понуда на маса од хрватскиот прволигаш Осијек за продолжување на интернационалната кариера. Целокупната разврска, пак, околу неговата евентуална преселба во Хрватска ја очекуваат и во редовите на Шкупи кои исто така се заинтересирани за ангажман на Силјановски.

Нареднава недела, според нашите информации, и дефинитивно треба да биде познат новиот клуб на Силјановски кој зад себе остави одлична сезона во дресот на албанскиот прволигаш Фљамуртари.

Силјановски претходно во својата кариера има настапи за Македонија ЃП, Вардар, Ренова и Работнички. Има и четири настапи за А репрезентацијата на Македонија.

Се вчитува...