Силната Турција и атмосферата во Истанбул – вистински испит за Македонија!

ЕКИПА во Истанбул, Турција
Горан Бошев

Пред сериозен испит е македонската фудбалска репрезентација. Тука во Истанбул ќе игра против селекцијата на Турција, на стадионот „Шукру Сарачоглу“ каде што своите домашни натпревари ги игра тимот на Фенербахче.

Силна селекција на Турција и „пеколот“ кој ќе го направат навивачите на преполниот стадион вечерва, ќе биде вистински тест за квалитетите и за можностите на оваа селекција, која ја очекуваат силни натпревари во Лигата на Нации.

Но, очекувањата од нашиот стручен штаб се дека ќе одиграме добар натпревар. Против БиХ можеби не постигнавме гол, но одбраната ја заврши работата, а селекторот Гоце Седлоски низ прес-конфренциите истакнува дека головите и победите ќе дојдат.

„Играме со една силна репрезентација како Турција. Ние сме пред нов процес, создавање на нов тим, не е лесно за краток период да се направи игра, но полека од моите играчи сум презадоволен како работат и сите други работи кои треба да ги поправиме од натпреварот со БиХ. Дојдовме тука да се преставиме во добро издание и да одиграме добро против една силна селекција како што е Турција. „Она кое го барам играчите е дисциплина, и секој да ја извршува секоја задача на теренот. Треба да негуваме офанзивен фудбалер. Игравме доста силни натпревари, ова ќе ми биде четврти меч, и најважно е фудбалерите да имаат добар пристап, и да се вклопат новите играчи. Резултатите ќе дојдат, и ќе настојувам да го играме тој офанзивен фудбал“, изјви Седлоски.

Езџјан Алиоски знае што ја очекува македонската селекција, со оглед дека веќе играше на овој стадион, но како домаќин со Фенербахче.

„Ова е сосема поинаков натпревар иако е секогаш е убаво да се вратам тука каде што играв. Се надевам дека публиката ќе ужива. Селекцијата е подлмладена, но и оваа селекција има квалитет што се виде со БиХ“, рече Алиоски.

Мечот Македонија – Турција почнува вечерва во 19:30 часот по македонско време.

Се вчитува...