Силва: Не можеме да ветиме титула, но сигурно ќе играме убав фудбал…

Бразил игра извонредно во последните две години под водство на селекторот Тите, па јавноста во оваа јужноамериканска земја со право очекува атак на трофејот на претстојниот мундијал во Русија. Еден од најискусните во бразилскиот состав, Тијаго Силва, е оптимистички расположен, свесен дека „кариоките“ се подготвени за предизвикот, но и дека патот до титулата ќе биде исклучително тежок.

„Имаме можност повторно да испишеме историја и максимално сме мотивирани за да го сториме тоа. Преамбициозно сега да застанам и да ветам титула, но едно можам да гарантирам – сигурно ќе играме убав фудбал во Русија“ – порача Тијаго Силва.

Тој беше дел од тимот што загуби од Германија во она кошмарно полуфинале пред четири години, но дефанзивецот е убеден дека таа лекција е научена.

„Се уште не знаеме што точно ни се случи, но гарантирам дека никогаш повеќе нема да ни се повтори. Грешките се научени, сега сме поквалитетни отколку пред четири години и едвај чекаме да почне овој мундијал“ – истакна Силва.

Се вчитува...