Бернардо Силва ќе се пресели во шпанската Ла Лига, но не во Атлетико Мадрид како што се најавуваше претходно, туку во редовите на шампионот Барселона.
Двата тима од Примера беа во трка по португалскиот ас кој заминува како слободен играч од Манчестер Сити, понудата на Атлетико беше повисока од финансиски аспект, но на крајот пресуди сонот на Бернардо да го облече дресот на каталонскиот гигант. Тој заработуваше 16 милиони евра по сезона во Сити, Атлетико му нудеше 10 милиони, но португалскиот генијалец се согласи на осум милиони евра годишна плата во Барселона.
Португалецот не криеше дека каталонскиот гигант му е омилен клуб од детството, па кога се појави опцијата за негова преселба на „Камп Ноу“ тој стори се за што поскоро да ги договори условите за овој трансфер.
Барселона во следните 48 часа ќе го официјализира трансферот на Ентони Гордон од Њукасл, по што ќе следи и финализирање и потпис на тригодишниот договор со Бернардо Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
