Силвер: Имаме три можности, кошарка ќе се игра повторно

Комесарот на НБА, Адам Силвер уверен е дека ќе пронајде начин да ја спаси сезоната во најсилната кошаркарска лига во светот. Таа беше суспендирана минатата седмица поради пандемијата од коронавирусот, а Силвер тогаш најави дека кошарка нема сигурно да се игра во следните 30 дена.

„Во овој момент размислуваме околу три опции. Првата е кога би почнале на натпреварите да има максимум по 19.000 гледачи. Другата е мечевите да се играат без публика и третата е да се одржи хуманитарен натпревар и доколку има услови група на кошаркари да бидат изолирани и да можат да се натпреваруваат. Сакаме да им помогнеме на луѓето. Тие се по цели денови во своите домови, а на телевизија нема кошарка. Тешко е, но мора некој да ги забавува“, изјави Силвер.

На клубовите им е доставен предлог да размислат во кој термин во текот на летото можат да играат плеј-оф натпревари на домашен терен.

Се вчитува...