Проектот НБА Европа е во завршна фаза и би требало официјално да стартува од почетокот на наредната натпреварувачка сезона (2027/28).
Ова на прес-конференција во Сан Антонио го потврди и комесарот на НБА, Адам Силвер, обелоденувајќи дека преговорите со заинтересираните клубови се во завршна фаза.
„Многу сме блиску до планот што го имаме зацртано. Очекуваме таа лига во Европа да стартува од сезоната 2027/28, на добар пат сме тоа да се оствари. Конечните понуди на заинтересираните франшизи ќе ги добиеме до крајот на јуни, по што ќе донесеме конечна одлука“, изјави Силвер.
Тој обелодени дека планот е за почеток дел од проектот НБА Европа да бидат 16 клубови.
„Планот е да почнеме со лига со 16 екипи. Од нив 12 ќе бидат со постојан статус, но да бидам искрен – постои можност некој клуб од Еввролигата да пополни едно од останатите четири места. Разговараме со сите, постојат тимови што веќе играат во Европа, а има и такви што сакаат да покренат сосема нв проект и да бидат дел од НБА Европа. Се надеваме дека ќе најдеме начин да ги интегреираме нашите операции заедно со Евролига, но и доколку не се случи такво нешто, ние ќе ја продолжиме нашата приказна“, порача првиот човек на НБА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
