Силвер: Пред 1. мај нема ништо да одлучиме околу сезоната во НБА

Комесарот на НБА лигата Адам Силвер вели дека НБА лигата сигурно нема да продолжи во април месец, а дека првото официјално мислење за нејзината иднина нема да го имаат до 1. мај. Како и сите големи спортски настани така и НБА е суспендирана поради пандемијата од Ковид-19 која го зафати светот, а токму САД во моментов е најголемото жариште.

„На 1. мај ќе излеземе со прво официјално мислење што понатаму. НБА во април сигурно нема да има. Се надеваме дека ќе успееме да ја завршиме сезоната, но сега приоритет е здравјето“, изјави Силвер. 

Се вчитува...