Симеон Христов нов играч на Работнички

Напаѓачот Симеон Христов е најновото засилување на ФК Работнички. Тој доаѓа од редовите на Тиквеш и ќе го засили нападот на „романтичарите“. Христов треба да го донесе потребното искуство во напаѓачката линија.

Симеон Христов (29) во кариерата има настапувано за Вардар, Пелистер, Брегалница, Тетекс, Еуромилк, Борец, Тиквеш, а на меѓународна сцена играше во Унгарија (Вашаш, Егри), Албанија (Влазнија) и во Мјанмар.

Тој е шестото засилување за Работнички по Алими, Рушевиќ, Зејнулаи, Попоски и Рашо.

Се вчитува...