Симеоне: Ако не дојде Гризман, ќе дојде некој друг…

Шпекулациите за можно враќање на Антоан Гризман во редовите на Атлетико Мадрид каде настапуваше од 2014 до 2019 година не запираат, а со оглед на финансиските проблеми на Барселона не би било чудо овој трансфер да се реализира.

На оваа тема говореше и тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне кој вели дека неговиот однос со Французинот е одличен, а на Атлетико му треба напаѓач.

„Со него имаме сјаен однос кој е надвор од спортските рамки, нашите деца заедно играат. За се што даде за Атлетико сакам да успее во Барселона. Тој е феноменален играч и навистина сакам да игра како што играше за нас пет години или како што играше на Европските и Светските првенства. Во нашиот тим постојат позиции кои треба да ги пополниме. Потребен ни е напаѓач, но ако не дојде Гризман ќе дојде некој друг. Клубот ќе одлучи што е финансиски најисплатливо за нас“, вели Симеоне.

Се вчитува...