Симеоне: Ако продолжиме вака, Атлетико ќе биде новиот „владетел“ во Шпанија

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е задоволен од формата на неговиот тим оваа сезона.

Изминатава вечер, Симеоне го водеше Атлетико Мадрид по 500-ти пат во својата кариера. Неговиот тим го победи Гетафе со минимален резултат и го обезбеди првото место на табелата на крајот на годината.

„Кога дојдов тука, им реков на управата дека мора да одиме натпревар по натпревар. Ајде да играме на секој натпревар како да е последен … Минатата сезона ја постигнавме нашата цел со пласман во Лигата на шампионите. Сега продолжуваме да одиме напред и како тим уште повеќе да созреваме. Добро ја започнавме новата сезона, многу сме мотивирани од самиот почеток. Мораме да продолжиме вака“, изјави Симеоне.

Новинарите го прашаа аргентинскиот стручњак која е неговата желба во новата година.

„Не можам да бидам себичен и да размислувам за фудбалот во моментов. Се надевам дека сè ќе се врати во нормала. Здравјето е над сè“, истакна Симеоне.

Се вчитува...