Симеоне бесен на судиите по новиот црвен картон за Атлетико: Тие се тие познати критериуми

Тренерот на Атлетико Мадирд, Диего Симоне изрази големо незадоволство за судењето на натпреварот против Селта Виго, натпревар на кој неговиот фудбалер Клемон Ленгле доби црвен картон.

Аргентинскиот стратег незадоволството го изрази говорејќи за медиумите изјавувајќи дека неговиот тим оваа сезона добива чудни црвени картони.

„Црвениот картон? Не, нема да го изнесувам своето мислење. Тие се тие познати критериуми. Нема смисла да говориме за тоа бидеќи тоа што се случи не може ништо да го смени. Ги паметам ситуациите на натпреварот. Кога игравме 11 на 11, имавме контрола на играта и опасни контра напади. Со 10 играчи имавме доста коректно одбранбено однесување, не успеавме да направиме ништо освен шансата на Коке, но во главно сум задоволен од прикажаното“, изјави Симеоне.

Се вчитува...