Симеоне: Да разјасниме некои работи, пенал мора да е пенал

Бурата не стивнува по првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Атлетико и Арсенал во Мадрид, особено поради досудените и недосудените пенали, а тренерот на домаќинот, Диего Симеонего даде својот став.

На „Метрополитано“ беше 1-1. Двата гола беа од пенал. А уште два не беа досудени по консултацијата со ВАР. Секако сето ова предизвика контроверзии.

„Во врска со првиот пенал. Според мое скромно мислење, противникот чека контакт да се случи. Пеналот мора да биде чист пенал. Вториот пенал беше досуден благодарение на ВАР. Исто така, благодарение на ВАР, оној на Езе не беше пенал. Понекогаш ВАР ви помага, понекогаш ви одзема“, рече Симеоне.

Се вчитува...