Дисциплинската комисија на УЕФА покрена постапка против темпераментниот шеф на стручен штаб на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Французинот Клемент Турпин го исклучи Симеоне по неговите бурни протести на мечот од Лига Европа против Арсенал во Лондон. Како што пренесуваат шпанските медиуми, а од извори на УЕФА, Симеоне го очекуваат сега пет меча суспензија.
Претходно беше наведено дека ќе има три натпревари суспензија поради исклучувањето, но сега го очекува казна уште од два натпревари поради консултации со своите помошници, што исто така е забрането.
Одлуката за суспензијата на Диего Симеоне ќе биде донесена на 7. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА