Симеоне го кани Ибрахимовиќ: Дојди во Атлетико Мадрид!

Атлетико Мадрид се вклучува во трката по Златан Ибрахимовиќ, и тоа на барање на Диего Симеоне, кој самиот стапил во контакт со врвниот голгетер и дискутирал за можноста Швеѓанецот да го облече дресот на „јорганџиите“. Аргентинскиот стручњак е во потрага по врвен голгетер кој би се вклопил крај Антоан Гризман, откако Кевин Гамеиро не одговори на тактичките замисли на Симеоне.

Ибрахимовиќ се уште е во почетна фаза од рехабилитација по повредата на коленото, но тоа е во ред за Атлетико бидејќи „јорганџиите“ ионака не би можеле да ги регистираат своите нови засилувања до јануари 2018, поради казната на ФИФА. Симеоне би сакал да го потпише договорот со Ибракадабра и да го осигура овој извонреден фудбалер за вториот дел од сезонава, кога би му понудил на Швеѓанецот уште една можност да стигне до трофејот што му недостига – оној од Лигата на шампионите.

На потег е Ибрахимовиќ, кој е слободен играч по истекот на договорот со Манчестер јунајтед. Швеѓанецот барем засега молчи за следниот потег во кариерата, јасно е дека има на маса понуда од ЛА галакси, како и од неколку екипи ширум Европа, но онаа од Атлетико сигурно е вредна за разгледување.

Се вчитува...