Симеоне: Изгубивме роднини, пријатели, навивачи… Оваа титула е за сите нив

Атлетико Мадрид стигна до единаесетта титула во Ла лига откако во последното коло славеше над Валјадолид со 2-1. Тренерот на „душекчиите“, Диего Симеоне имаше емотивна изјава во која титулата ја посвети на сите луѓе кои ја загубија битката со коронавирусот.

„Среќен сум поради многу луѓе. Беше тешка година. Имаме пријатели, членови на семејствата, навивачи кои ја загубија битката со коронавирусот. Не само во Атлетико туку во сите тимови. Мислам дека им донесовме мала радост на луѓето во овие тешки времиња“, изјави Симеоне. 

 

Се вчитува...