Симеоне: Јамал ќе гледа полуфинале на ТВ, јас имав кошмари само од Роналдо

Диего Симеоне имаше причина да биде горд на изданието на Атлетико Мадрид откако неговиот тим стигна до ново полуфинале во Лигата на Шампионите, притоа елиминирајќи ја Барселона.

Аргентинскиот стратег во изјавите по мечот не ги заборави провокациите од Ламин Јамал, потсетувајќи го младиот Шпанецот дека има уште многу да учи за да стигне до самиот врв и одбраното друштво на играчи кои доминираат на секој натпревар.

„Десет години стоев крај теренот и гледав како Кристијано Роналдо постигнува хет-трикови и го исфрлува мојот тим од натпреварувањето. Тоа беше вистински терор, кошмари сум имал само од него. Ламин Јамал одигра одлично, но реалноста е дека ние сме во полуфиналето, а тој ќе ги гледа овие натпревари само на ТВ. Постои голема разлика меѓу одигрување на добар меч и да бидеш нечиј кошмар. Ламин се уште го нема достигнато тоа ниво. Медиумите очекуваат да се плашам од тинејџер што прави финти на терен и дава самоуверени изјави. Ве молам, да не претеруваме“, порача Симеоне.

Се вчитува...