Симеоне ќе навива од трибина: Во Лион дојдовме по трофејот!

Атлетико Мадрид и Диего Симеоне вечерва против Марсеј, во завршната пресметка од УЕФА Европа лигата, имаат нов финален предизвик во европските купови. Шпанскиот состав се надева на прекин на лошата серија порази во финалните настапи во последнивe неколку сезони и е во обид да дојде до третиот пехар во УЕФА Европа лигата во последните осум години.

Се е подготвено за голема финална пресметка. Марсеј константно се подобруваше. нивниот тренер има многу опции на располагање. Многу се опасни, особено во средниот ред и во нападот. Дефинитивно ќе биде тежок натпревар. Откако бевме елиминирани од Лигата на шампионите со раширени раце го прифативме ова натпреварување. Постојано важевме за екипа која е фаворит за пласман во финалето и затоа имаме силно чувство на одговорност. Тука сме за успех“- изјави Симеоне во пресрет на финалниот дуел.

Симеоне поради суспензија нема да може да седи на клупата на Атлетико Мадрид на вечерашното финале против Марсеј, па „шеф“ на клупата ќе биде неговиот долгогодишен асистент Герман Бургос.

Се вчитува...