Симеоне му возврати на Јамал: Сака „1 на 1“, нека оди нека игра тенис

Атлетико Мадрид и Барселона вечерва ќе го одиграат реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите во главниот град на Шпанија. Атлетико неочекувано го доби првиот натпревар со 2-0 и има одлична можност да се пласира во полуфиналето.

Битката почна и надвор од теренот, а Чоло Симеоне, покажа дека таму се снаоѓа одлично. Тој доби прашање поврзано со изјават на Јамал кој вели дека по тројца фудбалери го чуваат на секој меч со Атлетико.

„Јамал ​​се жали дека го чуваат голем број играчи на Атлетико. Што велите за тоа?“

Чоло веднаш имаше јасен и духовит одговор.

„Ако сака спорт еден на еден, нека оди да игра тенис.“

Победникот од дуелот меѓу Атлетико и Барса во полуфиналето ќе игра против подобриот од натпреварот Арсенал – Спортинг.

Се вчитува...