Симеоне: Не очекува тешок натпревар, не го гледаме Реал

Атлетико Мадрид е на чекор да стигне до 11. титула во Премиера откако на коло до крајот на првенството има предност од два бода пред второпласираниот градски ривал. На „јорганџиите“ им претстои натпревар против Вилјадолид, тимот кој се бори за опстанок па се е во нивни раце.

Тренерот на „црвено-белите“, Диего Симеоне во пресрет на утрешниот натпревар изјави дека сите мисли се насочени кон овој дуел, на кој и домаќините ќе имаат за што да играат и воопшто не го интересира натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Вилјареал.

„Работиме на тоа да одиграме како што треба против Вилјадолид. Ќе бидат мотивирани, имаат за што да играат, а ние ќе се обидеме да ги искористиме нивните слабости. Зад нас е долга сезона. Поминавме низ многу работи за да се најдеме тука. Не очекува последното коло во кое две екипи се борат за трофеј. Тоа е Ла Лига“, изјави Симеоне па се осврна и на градскиот ривал…

„Во текот на целата сезона се фокусираме само на себе, па така ќе биде и сега. Ќе видиме во која состојба ќе бидат играчите во сабота пред да ги одлучам стартните единаесет. Не чека финале“.

Се вчитува...