Симеоне никогаш не победил на „Камп Ноу“: Велат дека за се има првпат…

Атлетико Мадрид денеска и гостува на Барселона во големото дерби на шпанската Ла Лига, меч што би можел да се покаже решавачки во трката за титулата. Избраниците на Диего Симеоне влегуваат во мечот на „Камп ноу“ со предност од два бода во однос на Барселона и Реал Мадрид, па јасно е дека „јорганџиите“ ќе сторат се за да не загубат во каталонската престолнина.

Интересен е податокот дека Диего Симеоне ниту еднаш во својата тренерска кариера не успеал да стигне до цел плен на „Камп Ноу“, традиција што аргентинскиот стратег се надева дека ќе ја прекине на денешното големо дерби.

„Никогаш немаме победено овде? Велат дека за се во животот има првпат, можеби ова ќе биде првпат и за мене. Суарез ќе се врати во Барселона како противник? Ова не е меч на Суарез против Барса, туку на Атлетико Мадрид против Барса, целата екипа ќе мора да одигра максимално ако сакаме да стигнеме до резултат. Клучот за освојување на титулата во Ла Лига е менталната сила на тимот, ова е одлична можност да покажеме дека сме силни на психолошки план и дека го заслужуваме трофејот“, истакна Симеоне.

Се вчитува...