Симеоне открива: Со оваа реченица го убедив Луис Суарез да дојде во Атлетико

Диего Симеоне ја прослави втората шампионска титула во Ла Лига како тренер на Атлетико Мадрид, шест години по премиерниот триумф во елитното шпанско фудбалско друштво. Еден од главните адути на Атлетико во оваа трка беше Луис Суарез, а Симеоне во изјава за шпанските медиуми обелодени дека и самиот бил шокиран кога дознал дека Уругваецот ќе биде достапен за трансфер минатото лето, уште повеќе ако се знае дека тој без речиси никаква отштета си замина од „Камп Ноу“.

Симеоне обелодени и дека преговорите со искусниот голгетер траеле премногу кратко, а тој со една единствена реченица го убедил Уругваецот да му се приклучи во мадридскиот клуб.

„Ми се јавија луѓето од управата и ме прашаа дали го сакам Луис Суарез во екипата. Се насмеав, ги прашав дали се нормални и им одговорив дека сум луд по Луис. Му се јавив и му реков само една работа: Ние мораме да победуваме, а ти си победник. Тоа беше тоа, со една реченица го убедив да дојде“, изјави Симеоне.

Се вчитува...