Полуфинале во Лигата на шампионите и пласман во елитно друштво и следната сезона очигледно не е доволно за Диего Симеоне и неговиот Атлетико Мадрид. Затоа веднаш тргнува по нови засилувања за својата екипа за следната сезона да биде уште подобар.
Се очекува мал „ремонт“ во тимот на Атлетико, особено по најавата за заминување на неколку играчи (Коке, Гризман, Хименез).
Според медиумите прва цел на Диего Симеоне е левиот бек на Челси и актуелен шпански репрезентативец Марк Кукуреља. Шпанецот би можел после пет години да се врати во Шпанија и да го облече дресот на Атлетико, на инсистирање на Симеоне. Исто така за него има интерес и од Барселона.
Кукуреља се смета како сериозно засилување во дефанзивата на Атлетико за идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
