Симеоне пред дуелот со Реал: Никој нема можности како Феликс, денес ќе има шанса повторно да ги покаже своите квалитети

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, пред големото мадридско дерби со Реал изјави дека Жоао Феликс ќе игра сигурно.

Атлетико изгуби неколку бода во последно време, а Барселона и Реал „дишат“ во врат. „Јорганџиите“ имаат 58 бода од 24 натпревари, Барселона е на втората позиција со 56 бода од 26 натпревари, додека Реал има 25 одиграни натпревари во Ла Лига и со 53 бода го зазема третото место.

„Првенството е прекрасно. Два тима од ист град ќе се борат денес за врвот на табелата. Имаме три бода за освојување, јасно е дека ќе има борба. Ќе се обидеме да одиграме натпревар во кој ќе му нанесеме штета на противникот. Трениравме на неколку начини. Секоја формација има своја предност. Кореја сè повеќе учествува во организацијата на нападот, додека Феликс има можности што ги нема никој што ќе игра во недела. Двајцата ќе играат, но едниот ќе започне додека другиот ќе чека шанса за игра од клупата. Сепак, и двајцата ќе играат“, рече Симеоне.

Натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид е закажан за денеска од 16:15 часот.

Се вчитува...