Симеоне: Реал Мадрид е најдобриот фудбалски тим во светот

Атлетико Мадрид утревечер на „Ванда Метрполитано“ ќе го пречека Реал Мадрид во големото градско дерби, а тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, со пофални зборови се изрази за ривалот. Тој смета дека Реал Мадрид во моментов е најдобар фудбалски тим во светот, иако во моментот заостанува зад Барселона во Ла Лига.

„Реал Мадрид е најдобриот фудбалски тим во светот. Тие се и актуелни шампиони на Шпанија, иако оваа сезона имаа малку послаб старт. Но, тоа не го доведува во прашање квалитетот што го поседува составот на Зинедин Зидан. Знаете како е, Реал Мадрид ги купува најдобрите фудбалери, па потоа сите ние останатите ги купуваме тие што ќе останат. Сепак, тоа не значи дека јас не верувам во своите момци. Ќе истрчаме утре во нова „војна“ со градскиот ривал и ќе дадеме се од себе за да победиме. Секогаш биле возбудливи овие дерби мечеви, и верувам дека така ќе биде и утре. Сите фудбалери се крајно мотивирани, секако и Гризман, иако секој нареден ден го селат во кон клуб. Но, тој е дел од Атлетико Мадрид и утре ќе игра во нашиот дрес против Реал Мадрид. Ни недостигаат Караско и Коке, тие се важни алки во нашиот систем, но за мене најдобри во моментот се оние што утре ќе им дадам шанса да го играат дербито“, изјави Диего Симеоне.

По 11 одиграни кола во Ла Лига, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид имаат идентичен број бодови (23), и се наоѓаат на третата, односно на четвртата позиција на табелата.

Се вчитува...