Симеоне се „отвори“, но Де Брујне го „скрши“ Атлетико (ВИДЕО)

Седумдесет минути му беа потребни на Манчестер Сити да го скрши отпорот на Атлетико Мадрид на „Етихад“. После здодевните 0-0 во првиот дел, кога Атлетико практично играше „бункер“, во вториот дел Симеоне и неговите избраници тргнаа по гол.

Се отворија играчите на Атлетико, а тоа го казни тимот на Сити кој во 70. минута стигна до предност. Фоден одлично го проигра Де Брујне кој успеа да го совлада Облак. Претходно Де Брујне од слободен удар се закани, но голманот на Атлетико беше сигурен.

Во Лисабон, пак, Бенфика успеа да намали со голот на Нуњез, но и натаму Ливерпул има контрола на резултатот, иако Бенфика неколку пати опасно се закани дури да стигне до израмнување.

Се вчитува...