Симеоне со порака до „хејтерите“: Нема потреба да се грижите, останувам во Мадрид!

Диего Симеоне ги смири „хејтерите“ откако најави дека и ова лето нема да го напушти Атлетико. Во Шпанија се шпекулира дека Аргентинецот ќе си замине и мадридскиот клуб се подготвува за ново тренерско решение, сепак, брзо следуваше одогвор.

Управата на Атлетико не била во контакт со ниту еден тренер, што значи дека клубот му верува на Симеоне и го гледа како тренер и за следната сезона.

„Тука нема што да се каже. Не грижете се – ќе бидам тука како и секогаш“, им рекол Симеоне на новинарите по вчерашниот меч од претпоследното коло во Ла Лига.

Атлетико оваа сезона не успеа да ја одбрани титулата, но избори пласман во Лигата на шампионите. Симеоне е дел од „јорганџиите“ од 2011 година. Под негово водство клубот досега освои 8 трофеи.

Се вчитува...