Симеоне за реакцијата на Феликс: Ми се допаѓа бунтовност, сакам „луди“ фудбалери

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, смета дека е добро што Португалецот Жоао Феликс покажа емоции по постигнатиот гол на мечот со Виљареал. Атлетико беше во лоша серија пред гостувањето кај „жолтата подморница“, тие беа поразени од Леванте во Примера дивизион, а во Лигата на шампионите од Челси.

Сепак, против Виљареал, тренерот Диего Симеоне го ротираше тимот, а ова донесе позитивен резултат и значајна победа за безбедно прво место во Шпанија. Најскапиот играч во историјата на клубот, Феликс, остана на клупата, па Португалецот влезе во игра во второто полувреме и постигна важен гол во 69. минута. Со овој погодок тој донесе водство на тимот од Мадрид со резултат од 2-0, што на крајот беше и конечен резултат на натпреварот.

Она што го привлече вниманието на медиумите беше начинот на кој Феликс го прослави голот. Тој гестикулираше и викаше кон клупата на Атлетико, па новинарите побараа коментар од Диего.

„Ќе мора да го прашате него. Постигна одличен погодок. Тој влезе и добро се снајде во второто полувреме… Ми се допаѓа кога играчите се бунтовни, кога изгледаат мотивирано и силно. Ни треба, тој е важен играч за нас“, одговори Диего Симеоне.

Тренерот на Атлетик рече дека ќе го замоли Феликс да му ја објасни таа реакција на следниот тренинг.

„Сакам кога играчите покажуваат гордост. Колку време помина откако Жоао постигна гол? Ако играчите се бунтовни, дајте ми ги мене”, заклучи Симеоне.

Се вчитува...