Симјановска дисквалификувана во финалето во велеслалом на СП во Сент Мориц

Лидија Симјановски остана без официјален пласман во финалната велеслаломска трка на Светското првенство во Сент Мориц, откако беше дисквалификувана по прегледаното возење од страна на судискиот комитет.

Во конкуренција на 98 скијачки кои се појавија на стартот, македонската репрезентативка ја заврши трката со 82 време стигнувајќи на целта, но поради неправилности за време на трката дополнително беше дисквалификувана.

Денеска во Сент Мориц во квалификациите во велеслалом настапуваат и четворица македонски скијачи. По првото квалификациско возење, Антонио Ристовски е на 61. место, додека Марјан Нашоку е на 83. место од вкупно 106 скијачи колку што ја завршија трката. Лука Божиновски и Виктор Петров не ја завршија првата трка.

 

Се вчитува...