Симона Халеп е шеста тенисерка од топ 10 која го пропушта УС опен

Романската тенисерка Симона Халеп нема да игра на УС опен. Таа е дури шеста тенисерка од топ 10 која одлучи поради пандемијата од коронавирус да го пропушти годинашното издание на американскиот грен-слем. Претходно, тоа го направија и Ешли Барти, Елина Свитолина, Бјанка Андрески, Кики Бертенс и Белинда Бенчиќ.

„По разгледување на сите фактори и необичните околности во кои живееме, одлучив да не патувам за Њујорк и нема да играм на УС опен. Секогаш говорам дека здравјето е прв фактор во носење на моите одлуки, па затоа би останала во Европа“, изјави Халеп. 

По враќањето на тенисот Романката стигна и до првата титула откако во неделата во Прага во финалето ја совлада Белгијката Мертенс.

Се вчитува...