Втората најдобра тенисерка во светот, Романката Симона Халеп потврди дека има коронавирус и дека се опоравува од благите симптоми на болеста.
29-годишната Халеп на својот Твитер профил призна дека е позитивна и дека се опоравува во домашни услови, наведувајќи дека оваа година не планира повеќе настапи на тениските турнири.
Романката не патуваше на УС Опен во Њујорк поради здравствени причини, а настапи на Ролан Гарос каде загуби во 4. коло од потоа победничката Иге Свиатек.
Халеп е и поранешна прва светска тенисерка и победничка на Ролан Гарос од 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА