Симона Стојановска од Вардар се сели во полскиот Балтика Шчечин

Бекот на Вардар СЦЈС и на македонската репрезентација, Симона Стојановска, во новата сеозна се сели во Полска. Стојановска го официјализира двегодишниот договор со полскиот клуб Погон Балтика Шчечин, кој е еден од водечките тимови во полската лига. Полскиот клуб на својот официјален сајт ја претстави Стојановска како една од најдобрите млади бекови и големо засилување за тимот.

Стојановска е прва од ракометарките на вториот тим на Вардар која заминува од клубот на крајот од сезоната и почнува интернационална кариера.

Неофицијално, на неколку ракометарки кои се и македонски репрезентативки во Вардар им било најавено дека по завршувањето на сезоната ќе треба да си бараат нов клуб  со што практично и се растура репрезентативната база во актуелниот македонски вицешампион, а поголем дел од ракометарките се ставени пред неизвесност за натамошниот тек на кариерата.

simona polska

Се вчитува...