Симона Стојковска продолжува во германскиот Некарсулмер

Макeдонската ракометарка, Симона Стојковска (24) кариерата ја продолжува во Германија, во тимот на Некарсулмер. Стојковска со германскиот тим потпиша договор на две години со можност за продложување на соработката на подолг рок и во Некарсулмер ќе го носи дреост со број 23.

Минатата сезона Стојковска настапуваше за грчкиот ПАОК, а пред тоа беше дел од тимот на ЖРК Металург.

„Со нетрпение ја очекувам новата сезона со Некарслумер и со нетрпение го очекувам настапот во Бундеслигата. Сакам на мојот нов тим да му дадам максимална поддршка заедно да имаме успешна сезона“ – изјави Стојковска по потпишувањето на договорот со германскиот тим.

Првиот настап за Некарслумер, македонската ракометарка ќе го има на претстојниот Лото-Куп во Швајцарија.

Се вчитува...