Симона Заборска со злато на Балканското првенство во Истанбул

Македонската репрезентативка Симона Заборска го освои златниот медал на 14. Балканско првенство за сениори(к)и во категоријата до 55 килограми кое се одржа во Истанбул.

На шампионатот во дисциплините борби и кати во поединечна и екипна конкуренција, во конкуренција на 11 држави и 354 спортисти(к)и, македонските каратисти освоија еден златен и еден бронзен медал

Во финалната борба Симона Заборска ја совлада искусната црногорска репрезентативка Ана Драшковиќ со резултат 5-1 и успеа да го освои златниот медал и да стана балканска шампионка. На ова Балканско првенство Симона Заборска имаше трето по ред финале во сениорска конкуренција во истата тежинска категорија, и за првпат стигнувајќи до златото по претходните две сребрени медали.

Освојувањето на овој медал е во вистински момент поточно еден месец пред почетокот на Европското првенство за сениори(к)и, кое треба да с одржи во Нови Сад, Србија во месец мај.

Наташа Стефановска, исто така имаше одличен настап на ова првенство, таа за жал во полуфиналната борба со бугарската спортистка на 5 секунди до крај загуби поен и финалето кое беше на дофат. Во репасажната борба за медал Стефановски успеа да ја победи повеќекратната европска медалистка Јелена Максимовиќ од Црна Гора, и да го освои бронзениот медал.

Се вчитува...