Симоне Инзаги ќе го наследи Билиќ на клупата на Вест хем?

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, би можел да се пресели во англиската Премиер – лига од следната сезона, доколку Вест хем одлучи да му даде отказ на Билиќ. Премиерлигашот е подготвен да му понуди петгодишен договор на Инзаги, но постои клаузула во неговиот договор која Лацио може да ја активира, па италијанскиот стратег да остане на „Олимпико“ до 2019 година. Инзаги е прв на листата за потенцијални замени на Билиќ, чие работно место е нестабилно од викенд за викенд. „Чеканите“ играат далеку полошо од минатата сезона, а раководството размислува за промени во стручниот штаб.

Откако Инзаги застана на кормилото на Лацио, Италијанецот изненади со позитивните резултати. Неговиот тим моментно е на четвртото место во Серија А, а се пласира во финалето на италијанскиот Куп откако го елиминираа градскиот ривал Рома. Доколку Лацио заврши повисоко од петтото место во првенството, или пак го освои Купот против Јувентус, раководството со помош на клаузулата има право автоматски да го продолжи договорот на Инзаги.

Се вчитува...