Симоновски дебитираше со гол во дресот на Лахти

Македонскиот интернационалец Марко Симоновски дебитираше со гол во првиот настап за својот нов клуб, финскиот Лахти.

Во првото коло од најсилниот шампионат на Финска, Лахти одигра 1-1 на гостувањето против СЈК а стрелец на единствениот гол за гостите во 82. минута од средбата беше 25-годишниот Симоновски кој минатата недела се приклучи на тимот.

* Погодокот на Марко Симоновски може да го погледнете на временскиот исечок – 4:37…

Симоновски во игра влезе на почетокот од второто полувреме и во финишот успеа да донесе бод за својот тим.

Се вчитува...