Симоновски и трет меч едноподруго стрелец за Сепси, погоди и Петровиќ! (ВИДЕО)

Марко Симоновски игра во извонредна форма по враќањето на терените за романскиот прволигаш Сепси. Симоновски е стрелец и трет едноподруго меч за Сепси, овој пат во ремито од 2-2 на гостувањето против Ботошани.

Но, покрај Симоновски, стрелец за Сепси беше и поранешниот македонски репрезентативец и член на Работнички, Милован Петровиќ кој го постигна првиот гол за својот тим во 42. минута за израмнување во тие моменти на резултатот на 1-1.

Во второто полувреме Симоновски погоди во 61. минута за водство на Сепси од 1-2, постигнувајќи извонреден евро-гол…

Но, домашните успеаја да дојдат до бод со гол во 94. минута.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...