Симоновски: Со добра одбрана, се е поинаку за МЗТ Скопје

Макеоднскиот првак МЗТ Скопје Аеродром синоќа конечно одигра натпревар според сите вкусови во АБА – лигата, совладувајќи го Задар на домашен терен со убедливи 92-65. Цврста одбрана, мирен и сигурен напад, и триумф што многу значи за самодовербата на кошаркарите на Анте Назор.Марко Симоновски беше еден од најефикасните во таборот на „металците“ со 17 поени, а по средбата истакна дека токму ова е вистинското лице на МЗТ Скопје.„Добро се подготвувавме за овој меч. Знаевме колку ни значи победата и против кого игравме. Од самиот почеток му дадовме до знаење на противникот дека нема што да бара на овој дуел во Скопје. Покажавме дека можеме да играме одбрана, која беше наш проблем во претходните средби. Сега треба само да ја надградуваме оваа игра и да одиме понатаму од меч во меч. Имаме квалитетен тим и време е да им покажеме на сите дека вредиме и дека заслужуваме да играме во АБА-лигата“, истакна Марко Симоновски по синоќешниот триумф над Задар во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...