Симоновски со гол во 92. минута донесе победа за Сепси!

Македонскиот напаѓач Марко Симоновски повторно е стрелец за Сепси во плеј-аут рундата од разигрувањето за опстанок во Првата лига на Романија.

Симоновски постигна погодок во 92. минута со кој Сепси со пресврт стигна до триумф од 2-1 против Газ Метан. Ова е втор погодок за Симоновски по пристигнувањето во Романија откако пред само четири дена стрелаше и против Јувентус Букурешт.

Сепси со двете едноподруго победи, благодарение на Симоновски, сега се издвои од опасната зона која носи во понизок ранг на натпреварување.

Се вчитува...