Симоновски стрелаше, Дрита го совлада Балкани (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Марко Симоновски и неговата Дрита славеа на гостувањето кај Балкани од 6. коло во косовското првенство со 0-2. Нашиот напаѓач беше еден од стрелците откако ја затресе мрежата во 31. минута од мечот.

Симоновски одлично се најде во шестнаесетникот и не ја испушти можноста да го постигне третиот гол за Дрита во Косово.

Се вчитува...