Симоновски стрелец за победа на Дрита, Велкоски не реализираше пенал, Фазлагиќ одличен за Жилина (ВИДЕО)

Напаѓачот Марко Симоновски донесе победа од 2-1 за косовската Дрита Гњилане, која од клупата е предводена од Адријан Нухиу, на дуелот против црногорскиот Дечиќ во првото коло од УЕФА Конференциската лига.

Симоновски погоди во 78. минута за триумф од 2-1 на Дрита.

Младинскиот репрезентативец, Енис Фазлагиќ асистираше за еден од петте голови на словачка Жилина во победата од 5-1 против грузиска Дила Гори со која сосема извесно обезбедува второ коло во Конференциската лига.

Крсте Велкоски, пак, во 28. минута промаши пенал за Сараево, кој во Молдавија против Милсами одигра натпревар без голови.

Велкоски играше до 69. минута на натпреварот.

Се вчитува...