За Симонс нема дилеми: Дончиќ е „руки“ на годината во НБА

Најдобриот дебитант во НБА лигата минатата сезона, Бен Симонс вели дека годинава наградата треба да ја добие Словенецот Лука Дончиќ. Тој смета дека Дончиќ ја заслужува наградата бидејќи има подобра сезона од Тре Јанг, а Далас има повеќе победи од Атланта.

„Лука. Зошто? Како тоа мислите зошто? Игра подобро, неговиот тим победи на повеќе натпревари. Тре Јанг е „убиец“, но кога ќе се собере се заедно, мислам дека тимот на Лука игра подобро и дека Лука е малку подобар од Тре“, изјави Австралиецот. 

Дончиќ сезонава просечно бележи по 21,1 поен, 7,6 скока и 5,9 асистенции. Од друга страна Јанг има 18,9 поени, 8 асистенции и 3,6 скока.

Се вчитува...