Симонс го напушти Бруклин, сака само во ЛА

Австралискиот кошаркар Бен Симонс се договорил со Бруклин Нетс да го откупи неговиот договор и сега е слободен агент, објави НБА инсајдерот Шамс Шаранија.

Претходно, Брајан Виндхорст, новинар на „ЕСПН“, објави дека првиот пик од драфтот во 2016 година одржал состаноци со претставници на Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Клиперс.

Во меѓувреме, Шаранија објави дека играчот планира да се приклучи на франшизата од Калифорнија. Причината за овој потег на Симонс е неговата желба да биде дел од тим со аспирации за титула, нешто што во моментов не е Бруклин.

Се вчитува...