Симов: Многу е потешко да ја одбраниш титулата, отколку да ја освоиш

Македонија ЃП го одбрани Куп трофејот, откако во финалето по изведувањето на пенали го совлада тимот на Струга ТЛ, и не му дозволи да се радува на двојна круна.

Тренерот на шампионот Горан Симов вели дека е многу потешко да ја одбраниш титулата, отколку да ја освоиш.

„Тежок и неизвесен натпревар како и секое финале. Купот е нешто специфично, но и нешто посебно за Македонија Ѓорче Петров. Многу е потешко да се одбрани, отколку да се освои трофејот. Имавме контрола во првото полувреме, но кога ќе водиш 1-0 во второ полувреме паѓа ритамот. Направивме две измени пред примениот гол, но и по тоа успеавме да собереме сила и на крајот да се радуваме по изведување пенали“, изјави Симов. 

Се вчитува...