Симов пред денешниот дуел со Ренова: Ќе биде неизвесен натпревар

Силекс и Ренова денеска ќе го одиграат дерби натпреварот од четртото коло во Првата македонска фудбалска лига. Двата тима играат во одлична форма на стартот на сезоната и се едни од фаворитите за добар пласман. Тренерот на Силекс, Горан Симов вели дека мечот ќе биде многу тежок и квалитетен и за конечниот резултат ќе одлучуваат нијанси.

„Силекс како тим оди од натпревар во натпревар. Прво сакам на Ренова да и честитам за одличниот меч против Алашкерт и пласманот во второто коло во квалификациите од Лигата на Европа. Ќе биде тежок и неизвесен натпревар. Од моите фудбалери барам само да дадат максимум. Во домашниот шампионат Шкендија по квалитетот е пред сите, а потоа следуваат многу израмнети тимот меѓу кои сме и ние и Ренова. Ќе биде тежок и квалитетен натпревар“, вели Симов. 

Силекс на стартот на сезоната забележа две победи и едно реми во моментов е второ пласиран со три бода помалку од првиот Шкупи, но и натпревар помалку, додека Ренова е петта со пет бода. Мечот во Кратово е со почеток во 16:30.

ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА

ПРЕТХОДНО

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 1-1

АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА 2-1

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 1-0

Се вчитува...